Преубава солена плетеница во калап за куглоф. Има прекрасен мирис, декоративна е, а вкусот ќе ве освои.
Состојки:
- 1 коцка квасец
- 1 лажичка шеќер
- 3 јајца
- 50 мл масло
- 250 мл млеко
- 400-500 гр брашно
- 200 гр сирење
- 1 веза блитва или спанаќ
Начин на подготовка:
- Квасецот растворете го во 50 мл топло млеко, додајте шеќер па кога ќе се растопи додајте 2 јајца, масло, брашно и сол и замесете глатко меко тесто.
- Оставете го покриено околу 30 минути, а потоа размесете го на маса и развлечете го во правоаголник.
- Сирењето изгмечете го, додајте белки и изедначете. Извадете ги дршките од блитвата, измијте ја, обварете ја и исечкајте ја ситно. Додајте ја блитвата во сирењето и премачкајте го тестото.
- Свиткајте во ролат па пресечете на половина со остар нож. Потоа свиткајте во плетеница и ставете го тестото во куглоф обложен со фолија.
- Оставете да нарасне, премачкајте со жолчка и печете на 190 степени 35-40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот