Мусака со пилешко месо

Мусака со пилешко месо

Испробајте малку поинаква мусака, овој пат со пилешко месо…

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 500 гр компири
  • 2 моркови
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 2 јајца
  • 1 чаша милерам
  • 1/4 чаша млеко

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги, исечкајте ги на парчиња и зачинете. 
  2. На путер пропржете кромид, морков и пилешко исечкано на коцки. Во пилешкото додајте брашно, вода, посолете, побиберете и добро измешајте. Гответе додека сосот не згусне. 
  3. Во намастена тепсија наредете ред компири, па месо, додека не ја потрошите смесата. Завршете со ред компири и печете 45 минути во рерна загреана на 200 степени. 
  4. Разматете јајца, млеко и милерам, прелијте преку мусаката и печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text