Домашен леб готов за половина час

Домашен леб готов за половина час

Дали знаевте дека брзо можете да подготвите домашен леб? Еве рецепт!

Состојки:

  • 250 гр глатко брашно
  • 250 гр интегрално брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 420 мл матеница

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во поголем сад измешајте ги двете брашна, содата и солта. Додајте матеница и мешајте додека не добиете лепливо тесто. Работната површина побрашнете ја и префрлете го тестото. 
  2. Нежно преклопувајте го тестото со раце за сите состојки да се соединат. Не го месете тестото. Обликувајте во топка и израмнете го со раце. Засечете го на врвот длабоко со нож за лебот да го поделите на четвртини. Посипете со брашно. 
  3. Префрлете на плех обложен со хартија за печење и печете половина час, додека не поприми златно-кафеава боја. Оставете да се излади, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text