Јунешки гулаш со тестенини

Јунешки гулаш со тестенини

Подгответе вкусен ручек – јунешки гулаш со тестенини.

Состојки:

  • 500-600 гр јунешко месо
  • 2 главици кромид
  • 2 зелени пиперки
  • малку лута зелена пиперка
  • 2 моркови
  • 1 излупен домат
  • 1 лажичка црвена пипер
  • сув зачин
  • бибер
  • сол
  • масло
  • магдонос
  • 300 гр резанки или тестенини

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на масло. Потоа додајте зелена пиперка и морков, по кратко динстање ставете исечкано месо. Додајте малку вода и динстајте околу 50 минути. Потоа додајте домат, сув зачин и пипер. На крај можете да додадете половина лажичка разматено брашно поради густина. Додајте магдонос. 
  2. Згответе ги тестенините, малку намастете ги и послужете ги како прилог.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*