Предлог за совршен ручек – вкусно полнето пиле!
Состојки:
- 1 пиле
- 400 гр пилешки џигер
- 2 мали шолји ориз
- 1 главица кромид
- масло
- сол
- бибер
- рузмарин
Начин на подготовка:
- Измијте го пилето, исчистете го и намачкајте го со масло од внатре и од надвор.
- Во меѓувреме подгответе фил: на малку масло издинстајте сечкан кромид, пилешки џигер исечкан на ситно и на крај додајте ориз. Залијте со малку вода и динстајте уште неколку минути. Посолете, побиберете и ставете рузмарин.
- Наполнете го пилето со фил, прицврстете го отворот со чепкалки и ставете во намастена тепсија да се пече. Печете во добро загреана рерна додека кожата на пилето не порумени. Во текот на печењето можете да доливате малку вода.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна