Непечена торта со пишкоти – смеса која може да се искористи за разни десерти

Непечена торта со пишкоти – смеса која може да се искористи за разни десерти

Направете фина непечена торта идеална за горештините кои се најавуваат.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр. пишкоти
  • 1,2 л. млеко
  • 44 гр. густин
  • 4 жолчки
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 120 гр. шеќер
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 200 гр. маргарин
  • 100 гр. мелени бисквити
  • 1 кесенце нес кафе
  • 1 пудинг од ванила

Подготовка:

  1. Се ставаат шест децилитри млеко во шерпа, ванилин шеќер и се варат, па се матат 4 децилитри млеко со жолчки и густин, пудинг од ванила и шеќер, па се става во млекото со мешање да нема грутки.
  2. Се чека потоа филот да се олади.
  3. Се става маргаринот кој убаво ќе се измати со миксер, лажица по лажица со мешање.
  4. Се дели на три дела филот. Во едниот се ставаат бисквитите, во другиот растопено чоколадо и во третиот пудинг од ванила.
  5. Се матат два децилитри млеко со нес кафе и се ставаат пишкотите.
  6. Се зема калап и се редат, па се става од трите фила еден над друг, па пишкоти и од страна.
  7. Се лади и декорира по желба.
  8. Можете да додавате и други состојки во филовите по желба, да експериментирате и да ставате намирници по вкус.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text