Кремаста чоколадна торта готова за само 5 минути

Кремаста чоколадна торта готова за само 5 минути

Чоколадната торта е омилен десерт за многумина. Затоа ви донесуваме еден брз рецепт за неодолива чоколадна торта!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици масло
  • 2 лажици какао
  • 12 лажици брашно
  • 1 лажица рум
  • малку цимет
  • 1 кесичка прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 2 дл слатка павлака
  • 100 гр млечно чоколадо
  • малку мелени ореви
  • малку рум или млеко

Начин на подготовка:

  1. Јајцата добро разматете ги и додајте ги останатите состојки по ред. Смесата излејте ја во огноотпорен калап. Подесете ја микробрановата печка на најјако (800W) и ставете ја смесата на 5 минути. 
  2. Слатката павлака загрејте ја и во неа растопете чоколадо. Кога тортата ќе биде готова почекајте неколку минути, а потоа префрлете ја на чинија и прелијте ја со слатка павлака и чоколадо. Украсете со мелени ореви.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*