Кнедли со кајсии: Неверојатно сочни, ќе ги правите постојано

Кнедли со кајсии: Неверојатно сочни, ќе ги правите постојано

Кнедлите обично ги правиме со сливи, но денес ви донесуваме комбинација со кајсии, кои на кнедлите им даваат фина сочност и освежувачки вкус.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 600 гр кајсии
  • 200-300 гр брашно
  • 1 јајце
  • презла
  • ванилин шеќер
  • масло
  • шеќер

Начин на подготовка:

  1. Компирите исчистете ги, згответе ги и направете пире, додајте сол, малку масло и 1 јајце па измиксајте ос миксер. Потоа, додајте брашно и замесете меко тесто. 
  2. Извадете ги коските од кајсиите, а од тестото вадете парчиња и правете кнедли. Гответе 7-8 минути во врела вода додека кнедлите не испливаат и не бидат меки на допир. 
  3. Презлата испржете ја на масло, па извалкајте ги зготвените кнедли. Посиепете ги со ванилин шеќер и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text