Витаминска чорба со млада зелка и тиквици: Само една чинија го закрепнува и го лечи телото (Видео)

Витаминска чорба со млада зелка и тиквици: Само една чинија го закрепнува и го лечи телото (Видео)

Здрава посна чорба со многу витамини и минерали кои на нашиот организам ќе му дадат сила и ќе го исчистат од токсини.

Состојки:

  • 1/2 кг млада зелка
  • 1 свежа пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем домат
  • 1/2 кг тиквици
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • 1 мала шолја ориз
  • бибер
  • сол
  • масло
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте моркови исечкани на кругови, па кога и тие малку ќе се пропржат додајте сечкана пиперка, а потоа млада зелка исечкана на коцки.
  2. Потоа додајте тиквици и компири на коцки и налијте вода, па гответе за зеленчукот да се зготви.
  3. Пред крајот на готвењето, додајте ориз, сол, бибер и на крај магдонос. Гответе уште 5-6 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*