Брзи триаголници со сирење од готови кори – ќе ги направите додека се спремате за работа

Брзи триаголници со сирење од готови кори – ќе ги направите додека се спремате за работа

Направете вкусни триаголници со сирење за појадок, ручек на работа или вечера.

Состојки:

  • 500 гр. готови кори за пита
  • 1 јогурт
  • 4 јајца
  • 1 шолја масло
  • 500 гр. кравјо сирење
  • сол

Подготовка:

  1. Се мати сирењето со 2 јајца, па се става сол.
  2. Се прави така филот за мачкање на корите. Се мати јогурт со две јајца и масло, сол, па сите кори се сечат по средина за да се добијат помали кори, а потоа се зема по една кора и цела се премачкува, па се преклопува, се става сирење на еден крај, па се прави триаголник и се заклопува.
  3. Се прави вака додека има кори и фил.
  4. Се печат на плех 15 минути на 200 степени.

 

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

singlepost_text