Брзи и вкусни чоколадни обланди: Десерт кој им успева на сите

Брзи и вкусни чоколадни обланди: Десерт кој им успева на сите

Овој десерт сите го сакаат, се подготвува лесно, а идеален е за неискусни во кујната.

Состојки:

  • 1 пакување обланди
  • 400 мл вода
  • 400 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 300 гр мелени бисквити
  • 125 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот и водата зовријте ги. Тргнете од оган, додајте маргарин и издробено чоколадо. Потоа додајте и мелени бисквити, па сè соединете. Филувајте ги обландите со млак фил. 
  2. Поклопете со тацна (да не биде претешко), па оставете филот да стегне. Добро изладете, па сечете на парчиња.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*