Свински шницли во маринада

Свински шницли во маринада

Денес ви донесуваме рецепт за сочни свински шницли во маринада.

Состојки:

  • 500 гр свинско месо од бут
  • 150 мл црно вино
  • 40 мл соја сос
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на шницли, малку исчукајте го со чекан. Кромидот и лукот исечете го крупно, па ставете го во длабок сад, заедно со црно вино и соја сос. 
  2. Зачинете со сол и бибер по ваш вкус, па ставете месото и оставете да се маринира неколку часа. Потоа, испечете го месото на тава или во рерна. Послужете со печен компир или зачинет ориз и салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте