Ролат со многу овошје и шлаг – децата ќе сакаат репете

Ролат со многу овошје и шлаг – децата ќе сакаат репете

Направете вкусен колач со шлаг и овошје.

Многу е вкусно и едноставно.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 7 лажици шеќер во прав
  • 6 лажици брашно
  • 1 лажица растопен путер

Состојки за фил.

  • 250 мл. слатка павлака
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 300 гр. овошје по избор
  • 2-3 кеси шлаг за горе
  • шеќер во прав

Подготовка:

  1. Се делат белките од жолчките, па пенасто се матат жолчките со шеќер во прав и се додава брашното, путер и на крајот изматените белки во снег.
  2. Се става смесата во калап со брашно, се пече на 200 степени 10 минути.
  3. Се вади кората, се става на влажна крпа и се замотува во ролат.
  4. Се мати слатката павлака со шеќер во прав, се одмотува ролатот и се премачкува.
  5. Се сече овошје по избор, се става преку филот и пак се витка ролат.
  6. Се става шеќер во прав горе и се декорира со шлаг кој ќе го сматите според упатството на кесето.
  7. Нека се олади.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*