Рецепт на денот: Палачинки со месо во бел сос, тече кашкавал и крчка

Рецепт на денот: Палачинки со месо во бел сос, тече кашкавал и крчка

Направете палачинки на вообичаен начин или купете готови, а потоа со неколку состојки направете си ручек деликатес.
Ако правите палачинки дома, ви требаат 125 грама брашно, 3 децилитри млеко, 2 јајца и малку сол.

Состојки:

  • 25 гр. маргарин
  • 250 гр. печурки
  • 250 гр. пилешко
  • 1 главица кромид

Сос:

  • 25 гр. маргарин
  • 25 гр. кашкавал
  • 2 лажици брашно
  • 5 дл. млеко
  • 1 павлака за готвење
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  1. Се прават палачинките на вообичаен начин, се мешаат состојките со миксер и се печат на тава со масло палачинките.
  2. На маргарин испржете ги печурките ситно сечени заедно со кромидот,па додајте го свареното пилешко месо сечено ситно или исцепкано.
  3. Растопете маргарин со млеко и брашно и мешајте да нема грутки. Пола од овој бел сос ставете го во тавата со пилешкото со зачини, другата половина ставете ја на оган и додајте павлака за готвење, сол и бибер.
  4. Секоја палачинка се филува со месото и се завиткува, се редат во огноотпорен сад, па се става белиот сос горе.
  5. Се става рендан кашкавал и се пече додека не порумени на 200 степени.

Повеќе вести на Готви.мк:

Запечен млад компир со сос

Млади компири со сенф и пиво

Кремав компир во тепсија

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text