Експрес брз појадок, повкусно од мафини: Мини пити кои евтино и лесно се прават

Експрес брз појадок, повкусно од мафини: Мини пити кои евтино и лесно се прават

Феноменална идеја за брз појадок.

Навистина вкусно, се прави со готови кори за пита.

Состојки:

  • 300 гр. готови кори за пита
  • 200 гр. сирење
  • 3 јајца
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици кисела павлака
  • 1 ½ дл. кисела вода
  • ½ дл . јогурт
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Готовите кори ден порано ставете ги во ладилник, бидејќи така е поубава аромата.
  2. Со миксер во сад се матат јајцата со малку сол, масло, павлака и кисела вода.
  3. Се меша потоа се со лажица, па се додава изронето сирење, па искршените кори за пита и се се изедначува.
  4. Калапи за мафини се премачкуваат со масло, се ставааат по две лажици смеса во секој калап.
  5. Се става горе сусам.
  6. Се печат на 200 степени околу 25 минути.
  7. По печењето нека одморат на топло уште 5 минути во рерна.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*