Турска посна мусака: Јадење кое ќе ги освои и најголемите љубители на месо

Турска посна мусака: Јадење кое ќе ги освои и најголемите љубители на месо

Толку е вкусна што ќе ја правите и кога не е пост…

Состојки:

  • 1 кг тиквици
  • 500 гр модар патлиџан
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки
  • 2 компири
  • 500 мл доматно пире
  • сол
  • бибер
  • малку маслиново масло
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги тиквиците и исечкајте ги на парчиња. Потоа издинстајте ги тиквиците неколку минути во маслиново масло. Во друг сад издинстајте го кромидот исечкан на ситно, патлиџанот, пиперките и компирите. Додајте зачини и тргнете од рингла. 
  2. Во сад за печење наредете ред тиквици и од горе распоредете фил со патлиџан. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот и завршете ја мусаката со ред тиквици. прелијте сè со доматно пире и ставете во загреана рерна. 
  3. Кога течноста ќе зоврие јадењето е готово. Така подготвената мусака се сервира посипена со сечкан магдонос, а ако сакате можете да додадете и посен кашкавал.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text