Посни полнети пиперки: Едноставен и вкусен ручек за целото семејство (Видео)

Посни полнети пиперки: Едноставен и вкусен ручек за целото семејство (Видео)

Не го пропуштајте овој едноставен рецепт за вкусен ручек!

Состојки:

  • 6 лажици хељдино зрно
  • 3 лажици јачменови снегулки
  • 3 лажици пченични снегулки
  • 3 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 лажица мелен ким
  • масло
  • бибер
  • сол
  • црвена пипер
  • 1 главица кромид
  • 5-6 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 7-8 крупни пиперки
  • 1 свеж домат
  • 1 компир
  • 50 гр ориз
  • 200 мл готвен домат
  • 1 лажица пченкарен скроб

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте рендан морков па кога и тој ќе се испржи додајте рендан компир, потоа, јачменови, пченични, овесни снегулки, сусам, ленено семе, ким, мелен бибер, црвена пипер, издробен лук. 
  2. Во тоа уште додајте измиен ориз и сол и сè добро изедначете. Пиперките измијте ги, извадете ги семките и полнете ги и затварајте ги со парчиња свеж домат. 
  3. Редете во намастена тепсија. Во 1/2 л вода додајте полна лажица скроб и 200 мл зготвени домати и прелијте ги пиперките. На секоја пиперка од горе ставете масло. 
  4. Печете на 250 степени околу 50 минути да испари течноста и пиперките да се запечат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text