Пита со тиквици, гриз и јогурт (Видео)

Пита со тиквици, гриз и јогурт (Видео)

Фина пита со пријатен вкус, ќе уживате во секој залак…

Состојки:

  • 500 гр тенки кори за пита
  • 600 гр тиквици
  • 1 помала главица кромид
  • 2 јајца
  • 250 мл јогурт
  • 100 гр гриз
  • 100 мл масло + 3 лажици
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во јогуртот измешајте 100 мл масло и 2 јајца. Тиквицата измијте ја и изрендајте ја. Исчистете и изрендајте кромид. Посолете, побиберете, додајте околу 2 лажици масло и измешајте. 
  2. Намастете тепсија со масло, ставете една кора, масло, втора кора, премаз од јогурт, трета кора, премаз од јогурт и четврта кора. Преку четвртата кора ставете рендана тиквица и посипете една до две лажици гриз, кора, премаз, кора, премаз, кора, тиквици, гриз… и така до крај по три кори. 
  3. Исечете ја питата на коцки, премачкајте со останатиот премаз и оставете да отстои околу 20 минути. Од горе ставете листови магдонос. 
  4. Загрејте рерна на 200 степени и печете додека не порумени, околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text