Лесно и вкусно: Колач од кајсии готов за 30 минути

Лесно и вкусно: Колач од кајсии готов за 30 минути

Искористете го ова вкусно овошје и направете десерт за вас и за вашите најмили…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр брашно
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр путер
  • 750 гр кајсии

Начин на подготовка:

  1. Омекнатиот путер матете го со шеќер 20 минути. Додајте една по една жолчка и матете ја смесата уште 10 минути. 
  2. Белките разматете ги во цврст снег. Половина од брашното ставете го во смесата и измешајте, а останатата половина додајте ја лажица по лажица, така што ќе ставате лажица брашно, па лажица снег од белки и мешајте внимателно. 
  3. Тестото ставете го во намастен и побрашнет плех да биде со дебелина од околу 2 см. Кајсиите измијте ги, исушете ги, исечкајте ги на половини, исчистете ги од коски и наредете ги преку тестото (од една до друга треба да има растојание од 4 см). 
  4. Колачот печете го во умерено загреана рерна до бледо розе боја. Кога ќе се излади исечете го на квадрати, така што во средината на секој квадрат ќе остане по една половина кајсија. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text