Десерт за 15 минути без печење: Бисквит колач со два фила 

Десерт за 15 минути без печење: Бисквит колач со два фила 

Направете вкусен колач за сите сетила.

Брзо и лесно, ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 л. млеко
  • 150 гр. гриз
  • 250 гр. маргарин
  • 1-2 лажици какао
  • 200 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон (кора и сок)
  • бисквити

Подготовка:

  1. Се вари млекото со шеќер, се додава маргарин, па гриз.
  2. Се дели смесата на два дела, во едната се става какао, во другата ванилин шеќер, сок од лимон и кора од лимон рендана.
  3. Во плех се ставаат бисквити, па црна смеса, па бисквити, па бела крема, па бисквити.
  4. Нека се стегне во ладилник и послужете.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега