Свински шницли во виенска маринада: Вкусен ручек на вашата трпеза

Свински шницли во виенска маринада: Вкусен ручек на вашата трпеза

Воодушевете ги гостите и домашните со ручек кој нема да го заборават…

Состојки:

  • 500 гр свинско месо од бут
  • 150 мл црно вино
  • 40 мл соја сос
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на шницли, малку исчукајте го со чекан. Кромидот и лукот исечкајте ги крупно, па ставете ги во длабок сад, заедно со црно вино и соја сос. 
  2. Зачинете со сол и бибер по ваш вкус, па ставете го месото и оставете да се маринира неколку часа. 
  3. Потоа, испечете го месото на тава или во рерна. Оваа маринада на свинското месо му дава неверојатна мекост, текстура и вкус кој ќе ве воодушеви! 
  4. Послужете со печен компир или убаво зачинет ориз и салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text