Сладолед торта со многу јагоди: Леден десерт без печење, само вклучувате блендер

Сладолед торта со многу јагоди: Леден десерт без печење, само вклучувате блендер

Вкусна сладолед торта со јагоди која брзо се прави, идеална за периодов.

Состојки:

  • 400 гр бисквити
  • 800 гр јагоди
  • 180 гр шлаг од ванила
  • 180 гр крем шлаг од чоколадо
  • 2 шолји млеко во прав
  • 1 шолја шеќер
  • 4 лажици маргарин
  • 4 дл кисела вода
  • 1 дл врела вода

Подготовка:

  1. Се матат во блендер млектоо во прав со шеќер и маргарин, заедно со чоколадната шлаг крема.
  2. Се остава во сад да се излади во ладилник.
  3. Се мати шлагот од ванила со вода, па така се прави и со чоколадниот крем.
  4. Се додава во секој крем по половина од смесата со млекото во прав која ја оладивме.
  5. Се меша и се филува.
  6. Се става кексот во врела вода, се реди за дно, се става чоко фил, па јагоди, па бисквити, па ванила фил со јагоди и се така додека има смеса.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text