Ручек без печење на горештините: Брза и освежувачка туна салата, само сецкате и мешате

Ручек без печење на горештините: Брза и освежувачка туна салата, само сецкате и мешате

Летото е период кога сите слабееме и сакаме да бидеме фит, ни треба лесна храна, оброци кои се без печење, полни витамини и лесно се прават.

Ова е рецепт за освежителна туна салата.

Состојки:

  • 1/2 главици зелка
  • 2 моркови
  • 2 млади лукчиња
  • 1 пиперка
  • 2 домати
  • 1 конзерва туна
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Прво се лупи и ренда морковот, се сече ситно и зелката, лукчето се ситни, а пиперката и доматите измиени се сечат на коцки.
  2. Се ставаат зачини по избор, па се ставаат во сад, додајте туна и измешајте.
  3. Декорирајте по желба со магдонос, оладете и послужете.
  4. Не се додава масло, доволно е тоа од туната.
  5. По желба може и да си додавате продукти, зеленчуци или некој млечен производ.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*