Компири со тиквици од рерна по бабин рецепт (Видео)

Компири со тиквици од рерна по бабин рецепт (Видео)

Тиквиците се вкусен и здрав зеленчук кој може да се подготви на разни начини. Еве начин како да ги подготвите запечени во рерна во комбинација со друг зеленчук и многу зачини.

Состојки:

  • 700 гр компири
  • 1 тиквица
  • 1 главица кромид
  • масло
  • зачин
  • бибер
  • сусам
  • црвена пипер
  • лук
  • лута пипер
  • мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги компирите, измијте ги, па исечете ги на листови. Исто направете и со тиквицата. 
  2. Во чинија ставете компири, тиквици, па додајте ги сите зачини. Сè добро измешајте. 
  3. Намастете плех со масло па ставете половина од компирите и тиквиците, потоа кромид сечкан на кругови, па преку остатокот од компирите со зачини и убаво израмнете. 
  4. Печете во рерна околу 45-50 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text