Најлесниот рецепт за чоколадни мафини: Комбинација од само 5 состојки која создава неодолив вкус

Најлесниот рецепт за чоколадни мафини: Комбинација од само 5 состојки која создава неодолив вкус

Ви го претставуваме наједноставниот рецепт за чоколадни мафини кои се топат во уста…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 1 маргарин
  • 16 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот и чоколадото растопете ги. Посебно разматете 4 јајца и шеќер. Разматените јајца и шеќер додајте ги во истопеното чоколадо и маргарин. Потоа полека, со мешање во смесата додајте 16 лажици брашно. Сè добро измешајте и ставете во калапи. 
  2. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги мафините 5-8 минути. Ако сакате внатре да има повеќе течно чоколадо печете 5 минути. 
  3. Ако сакате, можете да ги посипите мафините со шеќер во прав или да ги послужите со топка сладолед.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*