Ако сте љубител на вкусен куглоф, овој шарен би можел да ви стане омилен!
Состојки:
- 500 гр брашно
- 300 мл млеко
- 1 коцка квасец
- 2 јајца
- шеќер
- малку сол
- кора од лимон
- малку маргарин за премачкување
Состојки за фил:
- 100 гр ореви
- 100 гр мак
- 100 гр чоколаден крем
- 1 жолчка за премачкување
Начин на подготовка:
- Замесете средно тврдо глатко тесто од наведените потребни состојки, па кога ќе одмори околу половина час развлечете и издвојте 3 топчиња. Секое топче развлечете го во правоаголник.
- Првиот намачкајте го со мелени ореви, вториот со мак, а третиот со крем.
- Освен оној со крем секој правоаголник прво намачкајте го со малку маргарин, па со фил и свиткајте во ролат.
- Намастете куглоф со масло. Прво ставете го ролатот со крем, преку не го со мак, па ролатот од ореви.
- Оставете малку да нарасне, премачкајте со жолчка и печете на 180 степени 45 минути. Послужете откако ќе се излади.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта