Пржени шпагети на кинески начин

Пржени шпагети на кинески начин

Вкусни тестенини подготвени на кинески начин. Ќе бидете воодушевени од богатиот вкус…

Состојки:

  • 400 гр шпагети
  • 1 пиперка
  • 2 парчиња праз
  • 125 гр путер од кикирики
  • маслиново и сусамово масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 лажици светол соја сос
  • 50 гр индиски ореви

Начин на подготовка:

  1. Згответе и процедете шпагети па прелијте ги со малку маслиново масло. Празот и пиперката исечкајте ги на кругови. Индиските ореви грубо исечкајте ги, па испржете ги на сусамово масло додека не добијат златна боја. 
  2. На маслиново масло пропржете ги шпагетите додека не станат крцкави, а одвоено, во друга тава кратко пропржете пиперка и праз. 
  3. Измешајте путер од кикирики, сок од лимон и соја сос па мешајте додека сосот не стане пенаст. Шпагетите додајте ги во садот со зеленчук, прелијте со сос од кикирики и посипете со индиски ореви.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text