Посна руска салата – евтина и брза варијанта на царицата на салатите

Посна руска салата – евтина и брза варијанта на царицата на салатите

За сите кои периодов постат ви нудиме посна и вкусна руска салата.

Навистина одлична варијанта.

Состојки:

  • 450 гр. мешавина зеленчук за руска салата (1кесе)
  • 300 гр. посен мајонез
  • 250 гр. кисели јаболка
  • 100 гр. целер
  • лимонов сок
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Се обарува зеленчукот од кесето со малку сол и се цеди и лади.
  2. Јаболките се чистат и се сечат на коцки ситни, додека целерот се лупи и се сече на тенки листови.
  3. Се става се заедно со мајонезот посен и се меша, па се ставаат и зачини и лимонов сок.

Уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Крем салата со сирење и сусам

Бејкон салата

Мимоза салата во ново руво

Брза крем салата со јогурт

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса