Колач со многу шлаг и јагоди: Се прави брзо, а веднаш ќе се изеде

Колач со многу шлаг и јагоди: Се прави брзо, а веднаш ќе се изеде

Направете вкусен и овошен, брз и кремав десерт за цело семејство.

Состојки:

  • 8 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 2 дл. врело млеко

Крем:

  • 8 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 5 дл. млеко
  • 2 ванилин шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 500 гр. јагоди
  • 3 шлага

Подготовка:

  1. Се матат белките со шеќер, па се додава брашно, се меша и се става во плех со хартија да се пече 20 минути на 180 степени.
  2. Се лади бисквитот, се дели од хартијата и се прелива со врело млеко.
  3. Се матат жолчките со шеќер и брашно, литро млеко, додека останатото млеко се остава да врие, со ванилин шеќер и жолчките кои потоа се додаваат, па се прави пудинг.
  4. Се додава во оладениот крем маргарин и се меша.
  5. Се прави и шлагот според упатството.
  6. Се става кора, крем, сечени јагоди и шлаг.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*