Домаќински кифлички – ќе јадете два дена од една смеса, мирис на пециво кое мами

Домаќински кифлички – ќе јадете два дена од една смеса, мирис на пециво кое мами

Направете вкусни домаќински кифлички во вашиот дом.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • ½ кг. брашно
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 квасец
  • 100 мл. топла вода
  • 100 мл. топло млеко
  • 50 гр. растопен маргарин
  • 1 лажичка оцет
  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка:

  1. Квасецот се става со шеќер и 50 милилитри вода да се активира, па во меѓувреме во вангла се ставаат брашното, сол, надојдениот квасец, млекото и оцет, маргарин и водата, па се замесува тесто.
  2. Намачкајте ја ванглата со малку масло, па оставете го тестото еден час да нарасне.
  3. Повторно се замесува малку, се прават топчиња и се расукуваат, па се прават кифли и се оставаат малку да нараснат, а потоа се загрева рерната на 200 степени , се премачкуваат со изматено јајце и сусам и се печат додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

singlepost_text