Торта со мачмелоу колачиња

Торта со мачмелоу колачиња

Сите ги сакаме Мачмелоу колачињата, па затоа ви нудиме торта од нив.

Супер рецепт, еве го во продолжение:

Состојки:

  • 2 пакувања пишкоти
  • 200 мл млеко
  • 1 л млеко за фил
  • 12 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 1 лажица брашно
  • 1 маргарин
  • 24 колачиња мачмелоу
  • 2 банани
  • 200 гр шлаг

 

Подготовка:

  1. 800 мл леко се ставаат со 12 лажици шеќер на оган да вријат, а пудинзите се мешаат со брашно и 200 мл млеко, па се додаваат во млекото кое го вариме да се направи фил.
  2. Кога ќе се олади се става маргаринот кој треба да бил на собна температура.
  3. Од сите 24 колачи исечете го бисквитот од нив или долниот дел.
  4. Филот поделете го на два дела, едниот оставете го жолт, другиот помешајте го со измелените делови од Мачмелоу кои ги одвоивме.
  5. Се потопуваат пишкотите во млеко, се редат на соодветна подлога, се става кафен фил, па исечени банани на кругови, па жолт фил, па најгоре се редат мачмелоу колачињата.
  6. Се мати шлагот и се става меѓу колачињата.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text