Тиквички со кашкавал сирење и јајца – брз ручек по работниот ден

Тиквички со кашкавал сирење и јајца – брз ручек по работниот ден

Вкусен и брз ручек по работниот ден.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 4 тиквички 
  • 4 јајца 
  • 250 гр сирење 
  • 2 чешни лук 
  • 3 лажици масло 
  • 100 гр кашкавал 
  • вегета 

Подготовка:

  1. Се сечат по должина на пола тиквичките и се длабат, се загрева масло и се пржи лукот. 
  2. Се додава и исецканата внатрешност од тиквичките, се ставаат и зачини. 
  3. Се трга од оган и се става исронето сирење, претходно изматените јајца и се полнат со смесата тиквичките, па се редат во тава со хартија. 
  4. Се става една шолја врела вода и се печат на 200 степени додека не поруменат, а на крај се става кашкавал рендан и се допекуваат 5 минути да се стопи.

Повеќе вести на Готви.мк:

Ред тиквички, шунка – деликатес кој крчка

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text