Босанска пита од тиквици: Брзо и вкусно јадење

Босанска пита од тиквици: Брзо и вкусно јадење

Растопениот кајмак од горе ќе направи уште повеќе да уживате во секој залак…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 500 мл кисело млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 тиквица
  • малку сол
  • кајмак за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Прво измијте, излупете и исечкајте тиквица на коцки и оставете на страна да се исцеди од вишокот вода. 
  2. За тоа време, во чинија разматете јајца со кисело млеко и 2 лажици масло. Додајте брашно и прашок за печиво, добро соединете така што ќе добиете еднолична смеса, па додајте исцедени парчиња тиквици. 
  3. Тестото ставете го во намастен и загреан плех, па печете на 200 степени околу половина час. Ако сакате покрцкаво тесто, пред самиот крај на печењето (околу 5-7 минути) појачајте ја рерната на 250 степени. 
  4. Штом ја извадите, додека е уште врела, питата премачкајте ја со кајмак. Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text