Киндер колач по оригинален рецепт

Киндер колач по оригинален рецепт

Направете вкусен киндер колач по оригинален и брз рецепт.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 5 белки
  • 1 лажица мед
  • 5 лажици брашно
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици масло
  • 5 жолчки
  • ½ лажички прашок за пециво

Фил:

  • 2,5 мл слатка павлака
  • 1,5 дл млеко
  • 1 кесе желатин во прав
  • 100 гр чоколадо за горе
  • 100 гр млечно чоколадо за горе
  • 150 гр маргарин

Подготовка:

  1. Се матат белките со мед, се ставаат едно по едно и жолчките, масло и брашно, прашок запециво и какао, се мати убаво и се става смесата во калап со хартија за печење.
  2. Се пече на 180 степени 10 минути.
  3. Се сече на половина по должина оладениот бисквит.
  4. Се матат за фил слатката павлака со млекото кое постепено се додава, па се спрема желатинот според упатството на кесето и се става и тој.
  5. Се топи за прелив чоколадото со млечното чоколадо со маргарин.
  6. Се става на едната кора тенок слој од филот, па чоколадо и се стегнува малку во ладилник, па пак се мачка фил се става кората и чоколадоо горе.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*