Грчка салата со макарони

Грчка салата со макарони

Вкусна и освежувачка салата со макарони…

Состојки:

  • 450 гр макарони
  • 1,5 шолја излупени и исечкани краставици
  • 2 исечкани домати
  • 1 шолја исечкано фета сирење
  • 1/2 шолја тенко исечкан кромид
  • 1/4 шолја сечкани маслини
  • 2 лажички оригано

Состојки за сос:

  • 1/2 шолја бујон од пилешко или зеленчук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка изгмечен лук
  • 1/4 лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе макарони во солена вода. 
  2. Зготвените макарони измијте ги со студена вода и добро исцедете ги. 
  3. Во голем сад тестенините измешајте ги со сите состојки и оставете ги на страна. 
  4. Во помал сад измешајте ги сите состојки за сос. Потоа прелијте го сосот преку макароните и добро измешајте. 
  5. Ставете во фрижидер еден час пред сервирање.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*