Појадок со кој ќе ви се разубави утрото: Ѓевреци полни сирење

Појадок со кој ќе ви се разубави утрото: Ѓевреци полни сирење

Додека уште не е пеколно топло, направете го најсвкусниот појадок.

Ѓевреци полнети со сирење, ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја кисело млеко
  • ½ лажички сода
  • 2 лажици масло
  • малку сол
  • малку шеќер
  • 100 гр сирење
  • ½ лажички црвен пипер
  • оригано
  • 500 гр брашно
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер, сол, црвен пипер и оригано, а киселото млеко се меша со сода па се додаваат.
  2. Се става и масло и издробено сирење.
  3. Се става брашното во вангла, се прави дупка, па се става смесата и се меси тесто.
  4. Се развлекува и се вадат кругови со шолја, па се прават и на средина помали кругови, да добиете форма на ѓеврек.
  5. Се загрева амсло и се пржат, со внимавање да не загорат.

 

 

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*