Таен рецепт за најјакиот џем од праска: Со овој додаток ќе добиете единствен вкус!

Таен рецепт за најјакиот џем од праска: Со овој додаток ќе добиете единствен вкус!

Ви откриваме финта која на вашиот омилен џем ќе му даде неверојатна арома…

Состојки за 6 тегли од по 250 мл:

  • 1 кг праски
  • 2 лимони
  • 500 гр желир-шеќер во сразмер 2:1
  • 2 лажици ликер од праска или кајсија

Начин на подготовка:

  1. Праските кратко држете ги во врела вода, излупете ги, преполовете ги и извадете ги коските. Меснатиот дел од праските ситно исечкајте го. Исцедете лимони и со сокот прелијте ги праските. Сè измешајте и ставете во длабоко тенџере. Додајте желир-шеќер во сразмер 2:1 (на килограм овошје 500 гр желир-шеќер), на овошната маса и измешајте. Оставете да отстои 3 часа на собна температура. 
  2. Гответе на умерен оган и оставете да врие околу 4 минути. Во слаткото ставете ликер од праски или кајсии. Уште врел ставете го џемот во загреани тегли, затворете и 15 минути држете ги превртени. Потоа свртете ги и оставете ги целосно да се изладат.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*