За гурмани: Полнети телешки шницли

За гурмани: Полнети телешки шницли

Вкусно јадење за гурмани…

Состојки:

  • 4 големи телешки шницли
  • 200 гр сирење
  • 200 гр кајмак
  • 200 гр суво месо
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја презла
  • 3 јајца
  • 1 шолја масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Directions

  1. Шницлите добро исчукајте ги, посолете ги и побиберете ги. 
  2. На средина на секоја шницла ставете кајмак, на него суво месо и парчиња сирење. Краевите на шницлите свиткајте ги кон внатре и свиткајте. Ако мислите дека содржината може да истече, забодете чепкалки во шницлите. 
  3. Ролованите шницли извалкајте ги во брашно, потоа во разматени јајца и на крај во презла. 
  4. Печете на средно силен оган од сите страни додека не поруменат. 
  5. Доколку сакате на крај ролатот можете да го прелите со павлака за готвење или топено сирење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*