Солен ролат од пеглан леб: Вкус кој не се заборава (Видео)

Солен ролат од пеглан леб: Вкус кој не се заборава (Видео)

Идеален за доручек, вечера или предјадење. Солен ролат кој ќе го обожавате, а така лесно се прави.

Состојки:

  • 1 пакување сечен леб
  • 200 гр сува сланина сечкана што потенко
  • 200 гр шунка
  • 150 гр сирење
  • 1 јајце
  • 200 гр кашкавал сечкан на листови

Начин на подготовка:

  1. На секое парче леб отстранете ја кората па со сукало испеглајте го од едната и другата страна. На маса раширете алуминумска фолија па наредете листови сува сланина. Преку наредете леб, а преку лебот намачкајте сирење во кое сте додале јајце. 
  2. Преку сирењето наредете паризер на листови а преку него листови кашкавал. Полека свиткајте го долниот крај на фолијата и свиткајте сè во ролат. 
  3. Ставете во рерна на 200 степени околу 30 минути, убаво да порумени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text