Ролнички со кашкавал во тава – се топи и тече, деликатес на денот

Ролнички со кашкавал во тава – се топи и тече, деликатес на денот

Направете вкусни домашни ролнички со кашкавал.

Неодолив деликатес:

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 50 гр. маргарин
  • 2 чешни лук
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 500 мл. млеко
  • 50 гр. свеж квасец
  • 1 јајце
  • кашкавал

Подготовка:

  1. Се раствара квасецот со шеќер и топло млеко, се остава десетина минути да се активира.
  2. Се става потоа во брашното, се меси меко тесто со сите состојки, освен кашкавал кој е за фил.
  3. Се покрива и остава да нарасне.
  4. Се ренда кашкавалот, се расукува тестото, се става кашкавал, а по желба може да си додадете и нешто друго.
  5. Се прави ролат и се сече на делови, па се премачкува тава со масло и се редат ролничките.
  6. Се оставаат уште 20 минути да нараснат.
  7. Се премачкуваат со јајце и две лажици млеко, се става рендан кашкавал и се печат на 200 степени 20 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*