Чизкејк со спанаќ

Чизкејк со спанаќ

За пријатно попладне подгответе необичен, но вкусен чизкејк со спанаќ…

Состојки:

  • 260 гр солени бисквити
  • 140 гр путер

Состојки за прв крем:

  • 2 јајца
  • 500 гр свежо сирење
  • 100 гр спанаќ
  • 1 лажица сол

Состојки за втор крем:

  • 400 мл милерам
  • 100 гр тврдо сирење
  • прстофат сол
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете мелени бисквити и растопен путер. Намастете ја подлогата од калапот со путер, а рабовите обложете ги со масна хартија, па втиснете ја смесата во калапот. Оставете во фрижидер додека го подготвувате првиот крем. 
  2. Листовите спанаќ измијте ги, а сирењето, јајцата и солта разматете ги со миксер па измешајте исечкан спанаќ. Смесата прелијте ја преку кексот и печете 20-25 минути во рерна загреана на 180 степени. 
  3. Изладете го колачот 15 минути пред да го прелиете со втората крема, чии состојки претходно сте ги разматиле. Тортата печете ја уште 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text