Сите ќе се разбудат од мирисот и ќе сакаат да пробаат: Посни кифлички меки како перниче

Сите ќе се разбудат од мирисот и ќе сакаат да пробаат: Посни кифлички меки како перниче

Направете вкусни посни кифлички за постот.

Состојки

  • 1 кг брашно тип 400
  • 500 мл вода
  • 1 квасец
  • 3 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 100 мл масло
  • 1 посен маргарин
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Во 500 милилитри топла вода се раствара квасецот со лажиче шеќер и се остава да нарасне, па се става брашното во ванглата потоа со останатиот шеќер и сол, вода и 100 милилитри масло.
  2. Се меси да не се лепи.
  3. Се дели тестото на топли, и по желба правите поголеми или помали кифлички, ги расукувате топките, може д аставите фил по желба и ги сечете, па правите кифли.
  4. Се редат во плех подмачкан со посен маргарин, па се сотаваат малку да нараснат.
  5. Се става сусам и се печат на 200 степени додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*