Најчитаната торта Фејсбук периодов – веднаш ќе ја направите, излегува многу од една смес

Најчитаната торта Фејсбук периодов – веднаш ќе ја направите, излегува многу од една смес

Тортата е толку кремава, излегува доста голема, а кората речиси не се чувствува.

Ова е рецептот за тортата по која полуде Фејсбук.

Состојки:

  • 15 белки
  • 30 лажици шеќер во прав
  • 15 лажици мелени ореви
  • 5 лажици брашно

Крем:

  • 1 литар млеко
  • 15 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 250 гр. маргарин
  • 150 гр. мелени ореви
  • малку млеко
  • 200 гр. чоколадо
  • 3 кеси шлаг
  • 200 мл. млеко

Подготовка:

  1. Се прават три кори од по пет белки, 10 лажици шеќер и 5 лажици ореви, како и 2 лажици брашно.
  2. Се мешаат брашното и оревите и се мешаат со изматените белки, се пече на 180 степени 25 минути.
  3. За крем се мешаат 7 жолчки со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно и се вари кремот во литар млеко.
  4. Се матат осум жолчки со 250 грама шеќер во прав.
  5. Се матат посебно маргаринот и изматените жолчки па се соединуваат и се ставаат во кремот.
  6. Се двои третина од филот и се ставаат 150 грама ореви попарени со малку врело млеко, а во останатите две третини се става 200 грама растопено чоколадо.
  7. Се мати шлагот со млеко и се филува вака: кора-шлаг-црн фил, кора-шлаг-бел фил, кора-шлаг-црн фил.
  8. Се става најгоре шлаг се лади и служи.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

 

 

 

 

singlepost_text