Колач со овошје и желатин – готов за неколку минути

Колач со овошје и желатин – готов за неколку минути

Направете вкусен десерт во микро, без мака и долго стоење на нозе, и без стоење до шпорет на топлото.

Состојки:

  • 10 гр желатин
  • 50 мл вода
  • 250 гр кисело млеко
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт ванила
  • 200 гр павлака
  • 3 белки
  • 2 лажици шеќер
  • 1 шолја овошје по избор

Подготовка:

  1. Земете калап за куглоф.
  2. Ставете го желатинот во ладна вода на 10 минути, па ставете го во микро да биде течен.
  3. Киселото млеко се меша со шеќер во прав, се става и ванила и се додава постепено желатинот, па се меша.
  4. Се мати павлаката и се става во смесата.
  5. Се матат белките во снег и се става и шеќер во нив, па се ставаат и тие, а на крај и исеченото овошје.
  6. Ставете ја смесата во калапот за куглоф, со малку масло, па оставете да се стегне неколку часа.
  7. Се декорира со овошје.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

 

 

 

singlepost_text