Солена верзија: Торта за гурмани

Солена верзија: Торта за гурмани

Единствен рецепт за солена торта…

Состојки за тесто:

  • 400 гр брашно
  • 40 гр маргарин
  • 1 јајце
  • 10 гр квасец
  • сол

Состојки за фил:

  • 300 гр кромид
  • 300 гр модар патлиџан
  • 0,5 кг исчистени пиперки
  • 300 гр тиквици
  • 300 гр домати
  • 4 варени јајца
  • 150 гр ементалер сирење
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Од брашно, омекнат маргарин, квасец, сол, јајце и малку вода замесете тврдо, но растегливо тесто и оставете го да нарасне. 
  2. Зеленчукот измијте го и исчистете го. Патлиџанот исечкајте го на парчиња, пиперката на резанки, а тиквицата на кругови. На масло пропржете сечкан кромид, па додајте патлиџан, тиквици и пиперки, излупени и исечкани домати. 
  3. Гответе на слаб оган додека течноста не испари и оставете да се излади. Тестото развлечете го во кора со дебелина од 3 мм и со неа обложете го дното и рабовите на намастен калап. Ставете половина од филот, преку наредете исечкани јајца, сирење и останатиот зеленчук. 
  4. Печете околу половина час на средна температура.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*