Вистинско освежување: Домашен сируп од нане

Вистинско освежување: Домашен сируп од нане

Во врелите летни денови не постои ништо подобро од домашен сок од нане кој го подигнува духот и телото.

Освежувачкиот вкус на нане го закрепнува телото, а дава и енергија. Во комбинација со парчиња лимон и мраз делува благотворно на сите наши сетила.

Состојки:

  • 300 гр свежо нане
  • 5-6 лажици шеќер
  • 3 кесички лимонтус
  • 3 л вода
  • 3 кг шеќер

Начин на подготовка:

  1. Свежото нане измијте го со студена вода за да ја отстраните прашината. Потоа ситно исечкајте го со ножици или нож. Така иситнето нането измешајте го со 5-6 лажици шеќер и лимонтус. Сè добро изгмечете со раце. Прелијте со 3 л вода и оставете да отстои 24 часа. Потоа процедете низ газа и во добиената течност додајте 3 кг шеќер. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање. 
  2. Ако не ставате конзерванс, сокот во фрижидер може да стои околу 2 месеци. Или ако не го испиете замрзнете го. Ако сепак ставате конзерванс, тогаш сокот мора да отстои најмалку две недели пред да почнете да го пиете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text