Мафини со кокос и чоколадо – десерт од кој ќе замириса домот, брз и евтин

Мафини со кокос и чоколадо – десерт од кој ќе замириса домот, брз и евтин

Направете вкусни чупави мафини за помалку од 30 минути во кујната.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 125 мл. масло
  • 100 мл. млеко
  • 280 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво

Глазура:

  • 50 гр. путер
  • 25 гр. шеќер
  • 70 гр. чоколадо за готвење
  • 100 мл. слатка павлака
  • 70 гр. кокос

Подготовка:

  1. Се двојат белките од жолчките и се матат белките со шеќер, па се додаваат едно по едно жолчките и се мати со миксер.
  2. Се додаваат млеко и масло, половина брашно и прашок за пециво, па останатото брапно и се мати се убаво и се става во калап за мафини, да се пече на 180 степени 20 минути.
  3. Растопете путер во тава со шеќер, па додајте го искршеното чоколадо, па павлаката и мешајте.
  4. Нека се лади, па потопете ги оладените мафини и наросете кокос.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

 

 

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*