Освежување од вашата кујна: Фереро сладолед

Освежување од вашата кујна: Фереро сладолед

Неодолив десерт кој веднаш ќе ве освои!

Состојки:

  • 7 лажици Нутела
  • 6 лажици млеко
  • 2 лажици какао
  • 2 вреќички прашок за шлаг пена
  • 3 дл ладно млеко
  • 150 гр сечкани свежи нугат наполитанки
  • 150 гр сечкано темно чоколадо или чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Наполитанките исечете ги долж на 4 ленти и потоа исечкајте ги на ситни парчиња (како кога сечкате кромид). Исечкајте го и чоколадото или послужете се со чоколадни трошки. 
  2. Во поголем сад добро измешајте Нутела, млеко и какао, а ако Нутелата е тврда, тогаш кратко загрејте ја во микробранова. 
  3. Во друг сад од 3 дл студена вода и прашок за шлаг пена разматете шлаг. 
  4. Кога шлагот ќе биде подготвен, повремено додавајте го во смесата од Нутела и мешајте со миксер на средна брзина за да добиете еднолична смеса. Во смесата лесно измешајте исечкани наполитанки и чоколадо. 
  5. Сладоледот ставете го во сад и оставете најмалку 5 часа во замрзнувач.

Послужете и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text