Предјадење за целото семејство: Домашна чорба

Предјадење за целото семејство: Домашна чорба

Подгответе здраво предјадење за своето семејство!

Состојки:

  • 750 гр пилешко
  • 200 гр моркови
  • 100 гр корен магдонос
  • 150 гр бамја
  • 200 мл павлака за готвење
  • 2 лажици зачински билки
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка сок од лимон
  • 200 гр ориз
  • 2 жолчки

Начин на подготовка:

  1. Морковите, бамјата и коренот магдонос исечкајте ги на поголеми парчиња и гответе ги со пилешкото во 1,5 л вода додека пилешкото не омекне. Извадете го пилешкото, а бујонот со бамја и зеленчук измиксајте го во фина густа чорба. Пилешкото вратете го во чорбата и додајте павлака во која сте разматиле две жолчки. Посолете и побиберете. 
  2. Оставете ја чорбата да зоврие и на крај додајте сок од лимон. 
  3. Оризот посебно згответе го и исцеден додајте го во чорбата пред сервирање.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text