Пастирска погача: Вкусен леб по стар рецепт

Пастирска погача: Вкусен леб по стар рецепт

Кога еднаш ќе ја направите, секогаш ќе се навраќате на овој рецепт!

Состојки:

  • 15 лажици брашно
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1/2 шолја масло
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете брашно, сол, сода бикарбона, додајте масло, јајце и кисело млеко. Замесете фино глатко тесто да не се лепи за раце. На хартија за печење растегнете погача. 
  2. 2 лажици студена вода измешајте со 2 лажици млеко и премачкајте ја целата погача. Со тапата страна на ножот втиснете коцки во погачата. На секоја коцка ставете малку сол. 
  3. Печете во рерна на 30 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*